Трамп ѝ се закани на Индија со трговска војна

96
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да стави крај на преференцијалниот трговски договор со Индија, откако не успеа да обезбеди пристап на САД до пазарите на таа земја.

„Доставувам известување за намерата да го запрам одредувањето на Индија како земја во развој, корисник на програмата за Вкупен систем за повластувања“, наведе Трамп во писмо до Конгресот. „Го преземам овој чекор бидејќи Индија не ги увери САД дека ќе обезбеди фер и разумен пристап до пазарите во Индија”, додаде тој.

Во меѓувреме, Канцеларијата на американскиот трговски претставник издаде соопштение во кое се вели дека Вашингтон има намера да го прекине статусот на повластен трговски статус на Турција.

Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...