Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи вчерашниот напад во Франција како аргумент со кој ќе ги убеди демократите во Конгресот да го поддржат финансирањето на ѕидот на границата на САД со Мексико.
„Уште еден многу тежок терористички напад во Франција. Ние ќе ја засилиме уште повеќе границата. Ненси и Џак мора да ни дадат гласови за дополнителна погранична безбедност“, напиша Трамп на Твитер.
Твитот се однесува на лидерот на демократите во Сенатот, Џак Џумер и лидерката на демократското мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, со која се сретна вчера.
Државниот секретар Мајк Помпео денеска изјави за „Фокс енд Френдс“ дека засега нема индиции дека во нападот во Стразбур е повреден американски државјанин.
Тој исто така нагласи дека на САД им е потребна построга гранична контрола.