Трамп ќе се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур

87

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека неговата средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур.

„Многу очекуваната средба меѓу Ким Џонг-ун и мене ќе се одржи во Сингапур на 12 јуни“, напиша Трамп.

Во неговата објава на Твитер, Трамп нагласува дека тој и Ким ќе се обидат да ја претворат средбата во „еден многу значаен момент за светскиот мир“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...