Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на Твитер дека вечерва ќе им се обрати на Американците „по повод хуманитарната криза и кризата на национална безбедност“ на јужната граница кон Мексико, а потоа, во четврток, ќе замине таму.
– Со задоволство ве информирам дека во вторник вечер во 21 часот (по источно време) ќе и се обратам на нацијата по повод хуманитарната криза и кризата на национална безбедност на нашатата јужна граница.
Претходно, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, исто така на Твитер, го најави патувањето на Трамп на американската јужна граница.
– Претседателот Доналд Трамп в четврток ќе отпатува на јужната граница за да се сретне со оние кои стојат на првата линија на фронтот на кризата на национална безбедност и хуманитарната криза. Повеќе детали ќе објавиме дополнително, напиша Сандерс.
Фото: PA/EFE/MICHAEL/REYNOLDS