Трамп ќе го номинира Стивен Мур за член на Советот на гувернери

116

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека планира да го номинира поранешниот советник на неговиот Изборен штаб, Стивен Мур за член на Советот на гувернери на Управата на федерални резерви (ФЕД).

Именувањето на Мур за член на Бордот на ФЕД ќе придонесе за зголемување на влијанието на Трамп врз оваа институција, која ја има улогата на централна банка на САД.

Трамп жестоко ја критикуваше ФЕД и посебно нејзиниот прв човек Џером Пауел дека „премногу брзо ја зголемуваат“ висината на основната каматна стапка, иако Управата минатата недела реши да не ја менува каматата.

Мур, кој важи за конзервативен економист и е познат по одбраната на економската политика на Трамп, минатата недела во авторски текст во „Волстрит џурнал“ оцени дека сегашната политика на ФЕД е „последната главна пречка“ за американскиот економски раст.

Одборот на гувернери на ФЕД се состои од седум члена и е задолжен за надзор на работата на Управата и помага во формулирањето и спроведувањето на нејзината политика.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...