Трамп ја обвини Кина за хакирање на поштата на Хилари Клинтон

Американските разузнавачки служби ја обвинија Русија за хакирање на електронската пошта на Хилари Клинтон за време на кампањата за претседателските избори во САД.

126

Американскиот преседател Доналд Трамп изјави дека Кина ја хакирала електронската пошта на поранешната претседателска кандидтка Хилари Клинтон.

Но, Трамп не понуди докази за таквото тврдење.

„Електронската пошта на Хилари Клинтон, во која имаше многу доверливи информации, ги хакираше Кина. Следниот чекор подобро да биде од ФБИ, ДОЈ или по сите нивни грешки (Коми, Мекејб, Пејџ, ФИСА), нивниот кредибилитет ќе исчезне засекогаш“, напиша Трамп на Твитер.

Американските разузнавачки служби ја обвинија Русија за хакирање на електронската пошта на Хилари Клинтон за време на кампањата за претседателските избори во САД.

На тврдењата на Трамп одговори Министерството за надворешни работи на Кина, истакнувајќи оти таквите обвинувања „не се ништо ново“.

– Кина е врвен експерт за кибер безбедност и се спротиставува на сите форми на хакерски напади- изјави портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...