Трамп ја брани сопругата на дипломат во САД, која уби тинејџер во Британија (ВИДЕО)

Деветнаесетгодишниот Хари загина откако неговиот мотор влета во возило на 27 август.

523
ФОТО: Метро

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека возење во погрешен правец „се случува“, откако британскиот премиер Борис Џонсон му рече да размисли уште еднаш за да даде имунитет на Американка, осомничена за сообраќајна несреќа која завршила со смрт на тинејџерот Хари Дан.

Возилото се движело на погрешна страна од патот на прес конференција на Белата куќа вчера, а Трам се чини дека ја брани оваа постапка, пренесува „Метро“.

Кога бил прашан за дипломатски имунитет од новинари, Трамп го нарекол инцидентот „ужасна несреќа“, но сугестирал дека движење во погрешен правец е збунувачки – но „се случува“.

– Жената возела на погрешна страна од патот, а тоа може да се случи. Не велам дека мене ми се случило, ама се случува – додал претседателот на САД.

Деветнаесетгодишниот Хари загина откако неговиот мотор влета во возило на 27 август.

Осомничената, 42-годишна Ен Сакулс, доби дипломатски имунитет по несреќата.

Рад Сејџер, адвокат кој го застапува семејството на Хари, рече дека е среќен што Трамп е инволвиран во случајот, како и дека се надева оти тој си стои на зборот и неговата администрација ќе зборува со Сакулс.

– Ова не е борба, станува збор за пребродување нешто ужасно – вели Сејџер на „Би-Би-Си Радио 5“.

Тој додаде дека семејството на жртвата планира да оди во Вашингтон и дека сакаат да се видат со Сакулс. Според него, незамисливо е тоа што таа ја напуштила Велика Британија откако била инволвирана во несреќата. Адвокатот се надева дека нејзиното брзо заминување не е дело на американски официјални лица.

– Каков човек би го направил тоа? Ние се надеваме дека таа не била принудена да се врати назад. Јас не мислам дека би можел да се качам на авион ако сум убил некој по патот – запраша адвокатот.

Мајката на Хари рече оти е разочарана и од двете власти.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...