Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека коалицијата предводена од САД успеала во Сирија да поврати 100 отсто од територијата што некогаш беше под контрола на терористичката „Исламска држава“.
-Штотуку презедовме повеќе од 100 отсто од територијата, а постојано слушате дека тоа е 90 отсто, 92 отсто од калифат во Сирија. Тукушто презедеме 100 отсто од калифатот, изјави Трамп во обраќањето пред американските сили во базата Елмендорф-Ричардсон.
Американските медиуми наведуваат дека изјавата на Трамп е спротивна на тврдењето на командантот на Сириските демократски сили Мазлум Кобани, кој вчера дека за целосна победа над ИД потребна е уште една седмица.
Фото: EPA /Al Drago