Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини „Гугл“ (Google) дека манипулира со резултатите од пребарување во корист на негативните извештаи за него и за другите конзервативци.
„Резултатите на „Гугл“ од пребарувањето на „вести за Трамп“ ги покажуваат само извештаи на новите лажни медиуми“, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека најмногу лажни вести објавува Си-Ен-Ен.
„Републиканските/конзервативни и фер медиуми се исклучени, тврди Трамп.
Тој додаде и дека 96 отсто од резултатите од пребарување на „вести за Трамп“ потекнуваат од „националните левичарски медиуми“, што според Трамп е „многу опасно“.