Американскиот претседател Доналд Трамп остро одговори на критиките од поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон, опишувајќи го како ужасно неинтелигентен и мрзелив човек.
Тилерсон, во четвртокот го нарече Трамп „недисциплиниран“, појаснувајќи дека американскиот претседател „не сака да чита, не чита извештаи и не се внесува во детали во однос на многу прашања“. Тилерсон рече дека Трамп, честопати од него барал да прави работи за кои тој морал да му објаснува дека не се легални или дека се лош совет.
Одговарајќи му на Тилерсон, Трамп на Твитер објави дека поранешниот државен секретар немал „ментален капацитет неопходен за работата“ и оти не можел „доволно бргу да се ослободи од него“.
„Мајк Помпео одлично работи. Многу сум горд на него“, напиша Трамп за новиот државен секретар