Трамп: Средбата со Ким Џонг-ун најдоцна до почетокот на јуни

Доналд Трамп изјави дека се разгледуваат пет локации за неговата историска средба со севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.

50

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се разгледуваат пет локации за неговата историска средба со севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, која би требало да се одржи „до почетокот на јуни или порано“.

На средбата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе на Флорида, Трамп изјави дека двете Кореи имаат негов „благослов“ да разговараат за „крај на војната“.

Средбата на Ким Џонг-ун со неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин е планирана за следната недела.

После Корејската војна (1950-1953) потпишано е примирје, но никогаш официјално не е потпишан мировен договор за ставање крај на војната.

Абе изјави дека се воодушевува на храброста на Трамп да се сретне со севернокорејскиот лидер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...