Трамп соопшти дека шефот на неговиот Кабинет ќе си замине до крајот на годинава

151
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговиот најблизок советник, шефот на неговиот Кабинет Џон Кели ќе си замине од функцијата до крајот на годинава.

Кели е генерал од морската пешадија во резерва, кој стана шеф на Кабинетот на Трамп во јули 2017 година.

Трамп засега не открива кој ќе го наследи Кели, но додде дека за еден или два дена ќе го објави неговото име.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...