Трамп смета дека заслужува Нобелова награда за мир, но дека сè е наместено

277

Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека заслужува да ја освои Нобеловата награда за мир по повеќе основи, но сè е наместено.

– Би можел да ја добијам Нобеловата награда за мир за многу работи доколку оние кои ја доделуваат го прават тоа на фер начин, но тоа не е случај – изјави денеска Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

И претходно Трамп ја спомнувал можноста за Нобелова награда за мир, посебно затоа што ја доби и неговиот претходник Барак Обама. Трамп тогаш оцени дека ниту Обама не знае за што ја добил наградата.

Кога ја доби Нобеловата награда на 10 декември 2009 година, Барак Обама укажа на значителните контроверзии предизвикани од таа неочекувана награда на почетокот на неговиот прв мандат.

– Јас сум на почетокот, а не на крајот на мојата работа на меѓународната сцена – рече Обама во тоа време.

Покрај Барак Обама, тројца други американски претседатели ја добија оваа престижна награда: Теодор Рузвелт, Вудроу Вилсон и Џими Картер.

FOTO: EPA-LUDOVIC-MARIN-POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...