Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека односите со Северна Кореја се одвиваат многу добро и очекува да се случуваат добри работи во иднина.
Тој пред новинарите навести дека неговата администрација направила напредок во денуклеаризацијата на Северна Кореја, пренесе јужнокорејската агенција „Јонхап“.
– Ситуацијата се одвива многу добро. Односите се многу добри. Мислам дека ќе се случат многу добри работи – рече Трамп.
Првиот човек на САД додаде дека планира нова средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по изборите за Конгресот закажани за 6 ноември.
-Во период од неколку месеци, ние направивме нешта кои никој не ги направил 70 години – рече Трамп.