Трамп се пожали: Загубив помеѓу три и пет милијарди долари оти сум претседател

216
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата  функција го чини цело богатство, јави Ен-Би-Си. Според него, откако е претседател загубил меѓу три и пет милијарди долари.

– Тоа што сум претседател на САД веројатно ме чини помеѓу три и пет милијарди долари – рече Трамп.

Тој потенцира дека  дел од таа сума се трошела на адвокати  бидејќи секој ден некој поднесувал тужба против него.

Според телевизискиот канал, тие тврдења не можат да бидат проверени затоа што претседателот не поднел даночна пријава.

Трамп е првиот претседател на САД кој одбил да поднесе свои даночни пријави

Сепак, според рангирањето на магазинот „Форбс“, вкупната вредност на неговиоте активи е околу 3,1 милијарди долари.

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...