Трамп се налутил поради телевизор кој бил вклучен на Си-Ен-Ен

Телевизорите на сите лица од Белата куќа во претседателскиот авион треба да бидат наместени на телевизија „Фокс“.

103

Американскиот претседател Доналд Трамп се налутил затоа што телевизорот на неговата сопруга Меланија во претседателскиот авион бил вклучен на Си-Ен-Ен за време на едно од последните патувања во странство, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Трамп бил незадоволен поради тоа што персоналот го прекршил правило, според кое телевизорите на сите лица од Белата куќа во претседателскиот авион треба да бидат наместени на телевизија „Фокс“, која тој ја претпочита, а не на Си-Ен-Ен за која вели дека емитува само „лажни вести“.

Повикувајќи се на преписка преку електронска пошта меѓу вработените во Белата куќа, весникот тврди дека лутиот испад на Трамп предизвикал непријатна ситуација и вознемиреност во претседателскиот авион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...