Трамп се исплаши од биткоинот, бара Фејсбук да не издава сопствена криптовалута

Како причина за тоа се нагласува дека проектот ќе донесе „целосно нов глобален финансиски систем базиран во Швајцарија што ќе биде конкурент на доларот“.

165

Биткоинот се урна со вредноста во крајот на неделата при тргување во Азија откако регулатори во САД побараа Фејсбук да запре со разработката на сопствена криптовалута, објавија американски медиуми.

Како причина за тоа се нагласува дека проектот ќе донесе „целосно нов глобален финансиски систем базиран во Швајцарија што ќе биде конкурент на доларот“.

„Тоа создава сериозни стравувања за националната безбедност и финансиската политика не само за над две милијарди корисници на ФБ туку и за инвеститори и глобалната економија“, се вели во соопштение на американскиот регулатор.

Претходно, и 33 групи-застапници се против плановите на социјалната мрежа. Тие бараат мораториум за разработувањето на Либра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...