Американскиот претседател Доналд Трамп и комедијата за Шерлок Холмс ги добија „наградите” за најлоши филмски остварувања во изминатата година.
„Холмс и Вотсон“, во кој глумати Вил Ферел и Џон Рајли, е најголем „победник”, со освоени четири Златни малини, вклучувајќи ги и оние за најлош филм и најлоши римејк.
Рајли е прогласен за најлош актер во, како што рече творецот на наградата Џон Вилсон, „беснислена пародија“ на класичната британска детективска приказна.
Златната малина е „награда“ која се доделува за најлошите филмски остварувања, а беше воведена во 1980 година како спротивност на Оскарот.
Трамп ја освои Златната Малина за најлош актер за „улогата“ во два документарни филма: Смртта на нацијата и Фаренхајт 11/9 на Мајкл Мур.
FOTO: -EPA-CHRIS-KLEPONIS