Трамп се закани со санкции за европските компании кои тргуваат со Иран

Сепак ги сакам земјите во ЕУ. Најмногу Германија... Но тие се однесуваат лошо со нас и многу нечесно, рече Трамп, коментирајќи ја зајакнатата трговска војна меѓу САД и ЕУ. 

305

САД ќе воведат санкции за европските компании кои тргуваат со Иран, предупреди денеска американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.

– Апсолутно, тоа е она што го правиме – истакна Трамп.

Тој, исто така, ја обвини Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) дека манипулира со светските нафтени пазари, барајќи веднаш да престане со тоа.

Освен тоа, Трамп во интервјуто истакна дека „Европа е исто толку лоша, колку и Кина“ што се однесува до трговијата, оценувајќи дека „тоа што ЕУ го прави со САД е ужасно“.

– Сепак ги сакам земјите во ЕУ. Најмногу Германија… Но тие се однесуваат лошо со нас и многу нечесно – додаде Трамп, коментирајќи ја зајакнатата трговска војна меѓу САД и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...