Трамп се закани дека ќе ги укине субвенциите на „Џенерал Моторс“

„Џенерал моторс" го предизвика гневот кај претседателот и Белата куќа откако објави дека ќе затвори пет фабрики и ќе укине 14.000 работни места во Северна Америка иако нема индиции дека се наоѓа во лоша економска состојба.

179
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги укине субвенциите за „Џенерал Моторс“ откако компанијата објави дека ќе затвори пет фабрики и ќе намали 14.000 работни места во Северна Америка.

„Разочаран сум од Џенерал Моторс. Тие се спасија во кризата благодарение на САД. Ние ќе го разгледаме отстранувањето на сите субвенции, вклучително и за електрични возила”, напиша Трамп на Твитер.

„Џенерал моторс” го предизвика гневот кај претседателот и Белата куќа откако објави дека ќе затвори пет фабрики и ќе укине 14.000 работни места во Северна Америка иако нема индиции дека се наоѓа во лоша економска состојба.

ФОТО: EPA-EFE-MICHAEL-REYNOLDS.jpg

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...