Трамп: САД треба да се првата држава која своето знаме ќе го постави на Марс

Трамп го повика Конгресот да ја финансира оваа програма за САД да станат првата земја во светот која ќе испрати жена астронаут на површината на Месечината и ќе го постави своето знаме на Марс.

210
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во својот трет годишен говор до нацијата го повика Конгресот целосно да ја финансира американската вселенска програма „Артемида”, пренесоа светските агенции.

Трамп го повика Конгресот да ја финансира оваа програма за САД да станат првата земја во светот која ќе испрати жена астронаут на површината на Месечината и ќе го постави своето знаме на Марс.

САД можат да ги повлечат санкциите против Иран што е можно побрзо и на земјата да и помогнат да ја подобри својата економија, доколку Техеран одлучи да ги почитува условите, поставени претходно од Вашингтон.

-Иранскиот режим треба да се откаже од обидите за стекнување со нуклеарно оружје, да го запре теророт, смртта и уништувањето и да почне да работи во корист на својот народ, изјави Трамп во говорот во Конгресот.

Убиениот ирански генерал Касем Сулејмани повторно го нарече терорист.

-Сулејмани беше најбезмилосниот касап на иранскиот режим, чудовиште кое уби или рани илјадници американски војници во Ирак. Како водечки терорист во светот Сулејмани раководеше со активностите кои доведоа до смртта на безброј мажи, жени и деца, додаде американскиот лидер.

„Имаме јасна порака до терористите: Никогаш нема да избегате од американската правда. Ако напаѓате наши државјани ќе се збогувате со вашите животи“, рече Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...