Трамп: САД треба да излезе од бесмислените, бескрајни војни

139
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека одлуката за повлекување на американските сили од североисточна Сирија е со цел да „да се
разјасни ситуацијата“ и Вашионгтон да излезе од „бесмислени, бескрајни војни“.

– Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе мора да ја разјаснат ситуацијата и што сакаат да прават со заробениците на Исламска држава во нивното соседство, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде и дека е „време да излеземе од овие бесмислени бескрајни војни, многу од нив племенски и да ги донесеме нашите војници дома“.

– Ќе се бориме таму каде ќе имаме бенифит за нас и ќе се бориме за да победиме, посочи Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...