Трамп: САД сакаат Самит со Северна Кореја на 12 јуни во Сингапур

130

САД продолжуваат да се залагаат за одржување на првиот во историјата американско-севернокорејски самит на 12 јуни во Сингапур и подготовките за него се одвиваат добро, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

– Многу добро се подготвуваме во врска со средбата на врвот со Северна Кореја. Се се одвива убаво. Ќе видиме на 12 јуни во Сингапур. Тоа не се промени, Ќе видиме што ќе се случи – изјави Трамп по средбата со Американнецот Џошуа Холт, кој вечера беше ослободен од Венецуела, по две години минати во затвор.

Трамп во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, закажана за 12 јуни во Сингапур, поради, како што нагласи, меговиот „огромниот гнев и отвореното непријателство во неодамнешната изјава“.

– Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство манифестирано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок – напиша Трамп во писмо упатено до севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата.

Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано.

Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп.

Јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким на нивната вчерашна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со Трамп на 12 јуни во Сингапур.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...