Трамп: САД повеќе не се цел на кибер-напади од Русија

47

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија повеќе не изведува кибер-напади во САД, заклучок што е во спротивност со оној на американските разузнавачки служби.

За време на денешниот состанок на неговиот кабинет, новинар го праша Трамп дали САД се уште се цел на Русија, кога се во прашање кибер нападите.

– Не – категорично одговори американскиот претседател.

Трамп уште оцени дека ниту еден американски претседател досега не зазел толку цврст став кон Русија како што направил тој и дополни дека рускиот претседател Владимир Путин тоа многу добро го знае.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...