Трамп: Нема загинати Американци во иранските напади во Ирак

Американскиот претседател најави дека се подготвени за се, но засега се чини дека Иран се повлекува. Како одговор на иранската агресија, рече Трапм, САД веднаш ќе воведат дополнителни економски санкции за иранскиот режим.

304
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ниту еден американски војник не е повреден во иранскиот напад врз двете американски бази во Ирак.Тој на прес-конференција изјави дека во нападите има направени минимални штети.

– Немаме никакви последици. Сите наши војници се безбедни и е направена минимална штета на нашата воена база – рече Трамп.

Жртвите, според него, се избегнати благодарени на системот за рано предупредување.

Трамп најави дека американските сили се подготвени за се, но засега се чини дека Иран се повлекува.

– Изгледа дека Иран се повлекува, што е добро за сите страни и многу добра работа за светот – нагласи Трамп.

Американскиот претседател најави денеска нови економски санкции против Иран по иранскиот ракетен напад врз бази во Ирак каде се сместени американски војници.

– Како одговор на иранската агресија, САД веднаш ќе воведат дополнителни економски санкции за иранскиот режим. Рацете на Сулејмани беа натопени во крв, и од Американците и од Иранците. Требаше да се отстрани многу одамна. САД веднаш ќе наметнат дополнителни казнени санкции на иранскиот режим. Тие ќе останат додека Иран не ја промени своето однесување. Долго време, државите го толерираа деструктивното и дестабилизирачко однесување на Иран – тие денови завршија, беше категоричен Трамп.

Според него, додека е претседател, на Иран никогаш нема да му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје. Тој ги повика Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Русија да работат на нов договор со Иран. Исто така тој најави дека од НАТО ќе побара поактивно учество во актуелните процеси на Бликсиот исток.

Тој рече дека откако го презеде функцијата претседател, САД станале енергетски независни.

– Ние сме првиот производител на нафта и природен гас во светот. Ние сме независни и немаме потреба од нафта од Блискиот Исток – наведе Трамп.

Трамп ги повика Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Русија да работат на нов договор со Иран. Исто така тој најави дека од НАТО ќе побара поактивно учество во актуелните процеси на Бликсиот исток.

По 10-минутното обраќање, Трамп не одговори на прашања на новинарите, но испрати порака до иранските граѓани, посакувајќи им светла иднина.

– Ние сакаме да имате светла иднина што ја заслужувате. Просперитет дома и хармонија со нациите на светот. САД се подготвени да прифатат мир со секој што го бара тоа – рече на крајот Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...