Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ порача на Русија да се подготви за „нови и паметни ракети“ во Сирија.
Трамп на Твитер напиша дека Русија не би требало да биде партнер со „животно кое ги убива со гас“ своите луѓе и кое во тоа ужива.
– Русија вети дека ќе ги собори сите ракети истрелани врз Сирија. Русијо подготви се, затоа што ќе дојдат убави и нови и паметни (ракети) – напишта Трамп на Твитер,
Односите помеѓу САД и Русија се влошија по извештаите за хемиски напад во сирискиот град Дума, за што е обвинет режимот на Башар ал Асад, кој има поддршка од Москва.