Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тестирањето ракети можеби ги кршат резолуциите на Обединети нации, но не и договорот помеѓу него и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Трамп на Твитер напиша дека Пјонгјанг изминатите денови тестираше три ракети со краток дострел и оти тоа не е во спротивност со нивниот потпишан договор во Сингапур, иако не разговараа за ракетите со краток дострел кога се ракуваа.
– Ким не сака да ме разочара – наведе Трамп, додавајќи дека се неограничени потенцијалите на Северна Кореја под водство на Ким.
Трамп истакна и дека „постои и многу тоа што Пјонгјанг може да изгуби“.
– Можеби грешам, но верувам во тоа – посочи Трамп.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS