Трамп разговараше за контролата на оружјето со републиканците и демократите

Саботниот напад во Одеса е 25-то масовно убиство во САД од почетокот на годинава. 

35

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со републиканците и демократите за можни правни чекори во врска со контрола на оружјето, по уште едно масовно убиство во Тексас.

Тој истакна дека најновиот оружен напад не променил ништо во подготовките на пакетот закони за оружје, кои се во тек.

Трамп додаде дека не верува оти безбедносни проверки на оние кои купуваат оружје би ги спречиле нападите.

Бројот на жртвите во саботниот напад во Одеса во западниот дел на Тексас се зголеми на седум, а полицијата наведува дека барем уште едно од повредените лица се наоѓа во животна опасност. Во нападот се повредени повеќе од 20 луѓе, а напаѓачот е убиен од полицијата.

Саботниот напад во Одеса е 25-то масовно убиство во САД од почетокот на годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...