Американскиот комичар познат како Пелтечивиот Џон се јавил во Белата куќа и се претставил дека е сенаторот Боб Менендез, демократ од Њу Џерси, а претседателот на САД, Доналд Трамп му се јавил два часа подоцна од претседателскиот авион.
Комичар, чие вистинско име е Џон Мелендез, изјави дека со претседателот разговарал околу три минути и не му кажал дека не е вистински сенаторот Менендез.
Комичарот вели дека со Трамп разговарал најмалку 20 пати во радио-шоу на Хауард Стерн и не можел да поверува дека претседателот не го познал неговиот глас.
– Јас зборував со мојот сопствен акцент од Лонг Ајленд – вели тој.
Во разговорот Трамп, кој мислел дека разговара со сенаторот, му честитал за ослободителната пресуда во случај за поткуп.
Трамп, исто така, разговарал и за соработка за законот за имиграција.
– Јас сум со хиспанско потекло, му одговорил комичарот.
Мелендез за Си-Ен-Ен вели дека Белата куќа лесно може да го открие неговиот вистински идентитет.
– Се што требаше да ме прашаат е од која партија е сенаторот Менендез, или која земја претставува во Сенатот, а јас немаше да знам. Сепак, тие не ме прашаа ништо, вели комичарот.
Белата куќа соопшти дека претседателот Трамп „сака да биде достапен” за членовите на Конгресот и дека понекогаш се случуваат „грешки како таа што се случи”.