Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика денеска компаниите во земјата да произведуваат во САД, а не да увезуваат од Кина, со цел да го избегнат зголемувањето на царините за кинеската стока.
„Кој е најпростиот начин да се избегнат царините? Треба да произведуваме наши стоки во добрата, стара Америка. Толку е лесно!“, напиша Трамп на Твитер.
Американските власти вчера ги зголемија царините врз кинескиот увоз за 200 милијарди долари од 10 на 25 проценти.
Можно е мерката да ги погоди американските компании и потрошувачи повеќе отколку кинеските производители. Невладина организација оцени дека вчерашниот раст на царините ќе ги зголеми годишните трошоци на едно четиричлено американско семејство за 767 долари.