Трамп предвидува „шаторски градови“ за мигрантите и испраќа 5.000 војници на границата

138

За да го спречи караванот средноамерикански мигранти кои бегаат од насилства и сиромаштија во своите држави да влезе на американската територија, претседателот Доналд Трамп има намера да ги смести во „шаторски градови“ и таму да ги задржи со помош на повеќе од 5.000 војници чие испраќање на мексиканската граница го најави армијата.

– Ако бараат азил, ќе ги задржиме се додека нивниот случај не се преиспита. Ќе ги задржиме, ќе подигнеме шаторски градови – изјави синоќа Трамп за Фокс Њуз.

Тој рекол дека нема да подигнат конструкции и да трошат стотици милиони долари.

– Ќе ставиме шатори, ќе им биде добро и мигрантите ќе мора да чекаат и ако не добијат азил – да заминат – нагласи тој.

До таа најава се доаѓа по објавата на американската армија за спроведување безбедносен план од претседателот поврзан со мигрантите од Средна Америка.

– До крајот на неделата ќе распоредиме повеќе од 5.200 војници на југозападната граница, кои ќе им се придружат на околу 2100 од националната гарда кои веќе се мобилизирани – изјави генрал Теренс О’Шонеси.

Тоа било само почеток на таа операција.

Операцијата е наречена Верен патриот, би требало да овозможи строги преминувања на границата од Тексас во Калифорнија и да им се даде логистичка поддршка на агентите од царинските служби и службите за заштита на границите во помалку заштитените зони.

Мексиканските власти соопштија дека примиле 1.743 барања за азил откако поворката со повеќе од 7.000 луѓе влезе во државата воглавно од Хондурас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...