Трамп потпиша да се повлечат американските војници од Сирија

64
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за претстојното повлекување на американските војници од Сирија.

Ова го соопшти претставник на Пентагон кој не кажа други детали.

Трамп во петокот објави дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, нагласувајќи дека „Исламска држава“ е победена. Според американски официјални претставници, повлекувањето на повеќе од 2.000 американски војници може да трае од 60 до 100 дена.

Американскиот претседател планира повлекувањето да се одвива бавно и во тесна координација со Турција, јавуваат светските агенции. Целта е да се избегне вакуум во власта во регионите кои се под контрола на курдските бунтовници. Повлекувањето на американските сили ќе ја остави курдската милиција, Сили за заштита на народот без воена поддршка во време кога Анкара се заканува да ја нападне. Официјалниот став на Турција е дека Силите за заштита на народот е терористичка организација.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...