Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се обиде да стави крај на блокадата на работата на Владата, нудејќи заштита за младите имигранти, кои како деца пристигнале во САД, под услов демократите да обезбедат 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико.
За Демократската партија таквата понуда е неприфатлива.
Во обраќањето од Белата куќа, Трамп изјави дека нуди „разумен компромис, кој би требало да го прифатат двете страни“.
Тој додаде дека би пружил заштита не само за младите кои како деца се доведени во САД, туку и за лицата кои имаат привремен заштитен статус откако побегнале од земјите погодени од природни катастрофи или насилство.
Демократите го критикуваа предлогот уште пред Трамп официјално да го објави со образложение декла тоа не е трајно решение за имигрантите. Тие исто така бараат од Трамп да ја одблокира работата на Владата пред да почнат преговорите.
Photo: EPA / JIM LO SCALZO