Трамп: Полесно до државјанство за талентирани и висококвалификувани странци

121
Фото: EPA /Al Drago

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира измени кои се однесуваат на можното доделување државјанство на странци кои имаат американска виза Х1-Б, документ кој привремено се издава на високо образовани имигранти кои работат во специјализирани индустрии, како што се технолошкиот сектор и медицината.

Трамп на Твитер денеска порача дека тие кои поседуваат привремена Х1-Б виза не треба да стравуваат, бидејќи промените во процедурите што се одвиваат донесуваат едноставност и сигурност во врска со нивниот натамошен престој и го отвораат патот до нивното потенцијално државјанство.

Американскиот претседател рече дека САД сакаат да ги охрабрат талентираните и висококвалификувани луѓе да ја продолжат својата кариера во таа држава.

Фото: EPA/Al Drago

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...