Трамп повторно удри по социјалните мрежи

122

Претседаталот на САД, Доналд Трамп денеска повторно ги критикуваше компаниите кои управуваат со социјалните мрежи, поради, како што кажа, „замолкнуваат милиони луѓе“.

– Гигантите во областа на социјалните мрежи замолкнуваат милиони луѓе. Не можат тоа да го прават и ако тоа значи оти мораме да продолжиме да служаме лажни вести како што се вестите на Си-ЕН-Ен, чиј рејтинг сериозно страдаше. Луѓето мора да сфатат што е реално, а што не е, без цензура, напиша Трамп на Твитер.

Тој не именуваше ниту една компанија, но неговиот комантар уследи откако социјалните мрежи се соочени со засилена контрола на Конгресот и негов надзор од странска пропаганда.

Фејсбук, Твитер и Алфабет во вторникот избришаа стотици налози поврзани со наводниот обид на Иран да шири дезинформации во САД, додека Фејсбук соопшти дека другата кампања е поврзана со Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...