Трамп официјално го стави на маса разграничувањето како решение за Косово

176
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Со писмата што ги испрати до претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, првиот човек на САД, Доналд Трамп во пракса официјално ја стави на маса идејата за разграничување како решение за косовскиот проблем, оценува во денешното издание белградскиот весник „Блиц“.

Повикувајќи се на дипломатски извори во Вашингтон, „Блиц“ наведува дека влијание врз Трамп за ваквиот став најверојатно имале неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се занимаваат со ова прашање во последните неколку месеци.

– Тоа е неспорен обид на САД да го повратат своето влијание на Балканот. Она што (францускиот претседател Емануел) Макрон се обиде да го направи во Париз на 11 ноември, сега очигледно се обидува да го стори и Трамп – изјавил дипломатскиот извор за весникот.

„Блиц“ оценува дека ваквиот став на Трамп претставува големо изненадување за официјален Брисел, кој смета дека со ова САД сакаат да унажат дека ЕУ се покажала неспособна да го реши проблемот со Косово.

Трамп во писмата до Ваучиќ и Тачи порача дека Вашингтон е подготвен да им помогне во нивните напори за постигнување договор со кој ќе се почитуваат интересите и на Србија и на Косово.

– Неуспехот да се искористи оваа ретка можност би претставувал трагично назадување, бидејќи друга можност за постигнување сеопфатен мировен договор тешко дека ќе се укаже во догледно време – се вели во писмата на Трамп.

Американскиот претседател оценува дека „таквиот договор е на дофат на раката“ и нагласува дека ќе му биде задоволство да ги угости Вучиќ и Тачи во Белата куќа со цел заедно да го прослават „историскиот договор“ што би бил постигнат.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...