Трамп објави неколку „напаѓачки“ твитови пред состанокот на НАТО

91

Американскиот претседател Доналд Трамп и денеска продолжи со нападите врз членките на НАТО во врска со нивните трошоци за одбрана, пред средбата со лидерите од Алијансата на вториот ден од самитот во Брисел.

Трамп во неколку твитови напиша дека „ претседателите неуспешно со години се обидуваат од Германија и другите богати НАТО земји да добијат повеќе за своја заштита од Русија“.

Тој истакна дека проектот за гасовод кој доаѓа од Русија е неприфатлив, затоа што е неприфатливо да се дадат милијарди долари на земја од која се обидувате да се заштитите.

Американскиот претседател наведе дека САД „плаќаат десетици милијарди долари, премногу ја субвенционираат Европа“.

Трамп побара членките на НАТО да го исполнат ветувањето и да трошат два отсто од БДП, и оти мора на крајот да зголемат до четири проценти.

Американскиот претседател зазема агресивен тон на самитот, доведувајќи ја во прашање вредноста на воениот сојуз кој со децении ја дефинираше американската надворешна политика, ги напаѓаше сојузниците и предложи зголемување на трошоците за одбрана во Европа, коментираат светските агенции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...