Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека од саудискиот крал Салман добил уверување дека „поради немирите во Иран и Венецуела”, Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта „можеби до два милиона барели”, а потоа државната саудиска агенција објави вест во која тоа не е споменато.
– Штотуку разговарав со кралот на Саудиска Арабија Салман и му објаснив дека поради превирањата и дисфункционалноста во Иран и Венецуела, барам Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, можеби и 2.000.000 барели, за да се надомести разликата. Премногу високи цени. Тој се согласи, напиша Трамп на Твитер.
По еден час откако американскиот претседател ја напиша објавата, државната новинска агенција (СПА) објави вест за телефонскиот разговор на Салман и Трампа, но без да наведе детали.
„За време на разговорите, двајцата лидери ја истакнаа потребата за одржување на стабилност на нафтениот пазар и растот на глобалната економија“, се вели во соопштението, кое го објави СПА.
Во него се додава дека Трамп и Салман се согласиле дека земјите, кои произведуваат нафта „треба да го компензираат потенцијалниот недостаток на испорака”.
Белата куќа подоцна ја коригираше изјавата на американскиот претседател дека кралот на Саудиска Арабија Салман ветил дека ќе го зголеми производството на нафта за два милиона барели.