Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ги почитува напорите на јапонскиот премиер Шинѕо Абе да оствари средба со иранските лидери, но објасни дека е „премногу рано да се размислува“ оти САД ќе се договорат со Иран.
– Ниту тие се подготвени, ниту ние!, напиша Трамп на Твитер.
Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Мајк Помпео истакна дека Вашингтон смета оти Техеран е одговорен за нападите врз танкерите во Оманскиот Залив.