Трамп: Никој од сојузниците не се однесува толку непријателски кон САД, како ЕУ

Ние имаме прекрасни односи со многумина. Но никој не се однесува со нас толку лошо, како ЕУ - истакна Трамп во интервју за телевизијата Си Би Ес.

201
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден од сојузниците не се однесува толку непријателски кон САД, колку Европската унија.

– Што значи сојузник? Ние имаме прекрасни односи со многумина. Но никој не се однесува со нас толку лошо, како ЕУ – истакна Трамп во интервју за телевизијата Си Би Ес.

Тој нагласи дека Кина претставува посериозна закана за САД од Русија, ако се земе предвид мешањето во избори.

Исто така, Трамп изјави дека САД имаат точна информација дали Северна Кореја произведува нови ракети, додавајќи дека Пјонгјанг одамна нема извршено нови ракетни тестирања.

Американскиот претседател веројатно призна дека климатските промени се реални, но сепак изрази сомнеж дали тие се предизвикани од човечко невнимание.

– Мислам дека нешто се случува. Нешто се менува и повторно ќе се врати назад. Не мислам дека тоа е измислица, веројатно има разлика. Но не знам дали е човечко дело. Не сакам да давам трилиони и трилиони долари. не сакам да губам милиони и милиони работни места. Не сакам да се наоѓам во непријатна ситуација, нагласи Трамп во интервјуто.

ФОТО: PA-EFE-MICHAEL-REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...