Откако Брет Каванаг, судијата кој Трамп го предложи за судија во Врховниот суд на САД, пред Сенатскиот одбор неколку пати повтори како „сака пиво“, но и негирал дека пиел толку за да изгуби свест и помнење, своите ставови за алкохолот ги изнесе и Трамп.
Трамп призна дека тоа не е нешто што го дели со судијата, кој е обвинет за сексуално злоставување.
Трамп рекол дека може да каже дека никогаш во животот не пиел пиво и дека тоа му е една од ретко добрите особини.
– Не пијам. Искрено можам да кажам дека никогаш во животот не сум пиел пиво. Тоа е една од моите добри карактеристики – им рекол Трамп на новинарите смееќи се и одговарајќи на прашање на CNN.
– Никогаш не сум зел чашка алкохол. Никогаш не сум пиел, едноставно не сум – рекол и додал дека би бил најлош ако пие.
– Замислете да пијам? Каков неред би било тоа. Би бил најлош на светот. Не, никогаш не сум пиел, ОК – одговорил Трамп.
Новинарката го прашала дали е загрижен за можноста дека Каванаг лажел за своите навики врзани за алкохолот кога сведочел пред Сенатот.
– Гледав како сведочи. Се изненадив колку искажа дека сака пиво. Тоа не е човек кој е совршен кога станува збор за алкохолот – рекол Трамп.
Претходно Трамп зборувал за алкохолизмот во своето семејство и како неговиот постар брат Фред се мачел со алкохолизмот и како починал на 43 години.