Трамп: Не го сменив Коми поради истрагата за Русија

75

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека не го разрешил Џејмс Коми од местото директор на Федералното истражно биро (ФБИ), поради истрагата за врски на членови на неговиот изборен штаб со Русија.

Ваквата објава на Трамп на Твитер дојде во моменти кога Коми ја промовираше својата книга „Висока лојалност“, во која остро го критикува претседателот на САД поради „неетичко однесување“.

Книгата е напишана врз основа на јавните изјави на Коми и пишани соопштенија за неговите контакти со Трамп, но содржи и лични оценки на авторот за американскиот претседател.

Трамп го разреши Коми од функцијата директот на ФБИ во мај 2017 година, нарекувајќи го „лажго“. Официјално како причина за неговата смена беше наведен начинот на кој Коми раководел со истрагата на ФБИ за употребата на електронската пошта на противкандидатката на Трамп на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, во времето кога беше американски државен секретар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...