Трамп на 5 февруари ќе го одржи говорот за состојбата на нацијата

195
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп го прифати повикот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси говорот за состојбата на нацијата да го одржи на 5 февруари.

Трамп во писмо до Пелоси наведе дека за него ќе биде „голема чест“ да го прифати повикот следната недела да одржи говор на заедничка седница на двата дома во Конгресот.

– Имаме да раскажеме голема приказна и, исто така, да постигнеме големи цели – наведе Трамп во писмото.

Ненси Пелоси вчера му испрати писмо на Трамп во кое го повикува да одржи говор на 5 февруари.

Трамп првично планираше говорот да го одржи денеска, но тоа беше одложено поради делумната финансиска блокада на американската федерална Влада.

Трамп и Конгресот во петокот постигнаа договор за начинот на кој ќе се одблокира финансирањето на Владата, што беше и условот кој Ненси Пелоси го постави за да може претседателот да го одржи говорот за состојбата на нацијата во Конгресот.

Потребно е уште Претставничкиот дом и Сенатот да усвојат резолуција со која го повикуваат претседателот да одржи говор на заедничка седници на двата дома на американскиот Конгрес.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...