Американскиот претседател Доналд Трамп ден по страшниот напад на редакцијата во Мериленд, каде беа убиени пет лица, кажа дека новинарите треба да бидат слободни во вршењето на својата задача без страв дека ќе бидат нападнати.
Зборувајќи во Белата куќа, Трамп уште еднаш истакна дека жали за стравичниот напад.
– Овој напад беше ужасен. Ја потресе свеста на нашата нација и нашите срца ги исполни со тага. Новинарите, но и сите Американци, би требало без страв дека ќе бидат нападнати, да ја вршат својата работа – рече Трамп.