Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека имал долг и многу корисен телефонски разговор со својот кинески колега, Си Џинпинг, и дека напредуваат разговорите за трговскиот договор.
„Имав долг и многу убав разговор со кинескиот претседател Си. Договорот се движи напред многу добро. Ако биде склучен, ќе биде многу широк, ќе ги опфати сите контроверзни прашања, области и точки. Направивме многу голем напредок”, напиша Трамп на Твитер.
Во разговорот Си Џинпинг изразил надеж за понатамошен развој на координирани, кооперативни и стабилни кинеско-американски односи, јави Синхуа
ФОТО: EPA / SHAWN THEW