Трамп најави нови промени во неговата Администрација

126
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека Белата куќа работи како „добро подмачкана машина“, но сепак најави дека наскорo ќе има нови промени во неговата Администрација.

– Имам предвид три, четири или пет позиции. Но, можеби на крајот ќе бидат само две – изјави Трамп во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“, емитувано денеска.

Американските медиуми изминативе денови најавува дека Трамп планира да го смени шефот на неговиот Кабинет, Џон Кели, и министерката за државна безбедност, Кирстен Нилсен.

Трамп во интервјуто, говорејќи за Кели, изјaви дека „некои работи што тој ги прави му се допаѓаат“, но дека „има и работи што не му се допаѓаат“.

– Во даден момент тој самиот ќе побара да се занимава со нешто друго – изјави Трамп.

Што се однесува до Нилсен, Трамп изјави дека таа „можеби навистина ги минува последните денови во Администрацијата“.

– Многу ја сакам, многу ја почитувам. Но, ѝ недостига цврстина во врска со мигрантското прашање. Би сакал таа да е многу поцврста за границата (со Мексико) – истакна Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...