Трамп најави борба против евентуално негово отповикување

246
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

 Американскиот претседател Доналд Трамп најави борба против каков било обид на демократите во Конгресот да покренат постапка за негово отповикување по истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер, ветувајќи дека правната битка ќе ја пренесе на Врховниот суд и покрај уставната моќ на Конгресот за импичмент.

-Ако поддржувачите на демократите некогаш се обидат да покренат отповикување, прв ќе се обратам до Врховниот суд на САД, напиша Трамп на Твитер.

Уставот на САД им дава „исклучителна моќ” за отповикување на Претставничкиот дом и на Сенатот.

Демократите, кои го контролираат Претставничкиот дом, остануваат поделени околу отповикувањето  дури и откако се отвори нов фронт на истрага за претседателот, што предизвика нова правна војна со Белата куќа, бидејќи Трамп жестоко се бори против кој било нов надзор на Конгресот. 

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...