Доналд Трамп постави претседателски рекорд за најмногу твитови за еден ден, пренесува порталот Factba.se што што анализира податоци за официјалните изјави на Трамп.
Претходниот рекорд на Трамп како претседател на овој индикатор бил 123 твита на првиот ден од состанокот на правната комисија во Претставничкиот дом на 12 декември лани за одобрување две обвиненија за негово отповикување.
Тој го подобри овој индикатор вчера за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, од каде што твитна и ре-твитна 142 твита. Врвот беше помеѓу 6 и 7 часот по локално време, кога Трамп постираше 41 твита за еден час – по еден на секои 88 секунди.
Повеќето пораки на американскиот претседател до неговите повеќе од 71 милион следбеници на Твитер вчера беа поврзани со процесот на разрешување во американскиот Сенат, главно ретвит пораки, видеа и фотографии од републиканците по тој повод, како и критиката на Трамп за Адам Шиф, главниот обвинител за демократите во процесот.
Апсолутниот рекорд на Трамп од пред да стане претседател е – 161 твит во јануари 2015 година.
Повеќето од нив беа за рекламирање неговото телевизиско реално шоу, „Apprentice“.