Трамп: Напад на што и да е американско, ќе значи уништување на Иран

301
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го нападне Иран во знак на одмазда за каков и да е напад на Техеран врз „што и да е американско“.

Претходно Иран оцени дека новите американски санкции исклучуваат секаква дипломатија и ги окарактеризира акциите на Белата куќа како „ментално ретардирани“.

„Пораката од Иран, многу неука и навредлива, објавена денеска, само покажува дека тие не ја разбираат реалноста. Каков било напад на Иран врз што и да е американско ќе биде пречекан со голема и надмоќна сила. Во некои подрачја, таа надмоќ ќе значи уништување“, напиша Трамп на Твитер.

ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...