Трамп му честита на Нетанјаху за „најдолгиот премиерски стаж во историјата на Израел“

61
ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Америкaнскиот претседател Доналд Трамп испрати честитки до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, за најдолгиот премиерски стаж во историјата на таа земја.

– Честитки до Биби за тоа што стана премиер со најдолг стаж на таа функција во историјата на Израел. Под твое лидерство Израел стана технолошка и економска сила од светски ранг – напиша синоќа Трамп на својот Твитер налог.

Нетанјаху му одговори на американсиот претседател за „топлите зборови, исклучителната поддршка и неверојатното пријателство“.

Под власта на Трамп, сојузништвото меѓу Израел и САД постигна нови височини откако администрацијата во Вашингтон го призна Ерусалим за престолнина на Израел и отвори своја амбасада таму, а Голанската Висорамнина за израелска територија.

Нетанјаху одговори со именување населба во Голанската Висорaмнина во името на Трамп.

За Ерусалим, Палестинците реагираа гневно, подгревајќи ја и онака тензичната состојба во регионот. ЕУ и Турција го критикуваа актот на признавањето на окупираната територија.

Инаку, викендов, должината на премиерството на Нетанјаху надмина 13 години. Од 1996 до 1999 година служеше како најмладиот избран премеир на Израел. Повторно беше избран во 2009 година, и оттагаш остана на чело на Владата.

Но Нетанјаху се соочува со политички проблеми. По изборите годинава во април, неговата партија не успеа да формира коалициска влада и затоа тој свика нови избори кои треба да се одржат на 17 септември.

Во меѓувреме Нетанјаху е под истрага по обвинувања за корупција.

ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...